Обилниот дожд кој падна во Охрид деновиве на виделина исфрли некои стари проблеми. Најпогодени беа старите јавни објекти кои прокапеа од силниот дожд. Проблеми со покривот имаше и маларичната чиј покрив попушти од обилните врнежи. „Се интервенираше веднаш за да се санира покривот на зградата“, ни изјави раководителот на Здравствен дом-Охрид, Митко Дабевски.


Деновиве се санираше покрвивот на маларична

„Покривот на маларична е стар 50 години и при вакви обилни дождови прокапува. Се трудиме во рамки на своите можности да ја санираме штетата. Тоа го направивме и овој пат со промена на дел од старите керамиди на покривот“, рече Дабески. Раководителот на маларична не информираше дека освен санирањето на најоштетените делови, во моментов   нема да се вршат други поправки на кровот од објектот.