Дождот во Њујорк ја поремети програмата на деветтиот ден на последниот тениски грен слем турнир, Отвореното првенство на САД. Од предвидената програмата на организаторот завршија само два меча додека останатите ќе се одиграат во среда.

Викторија Азаренка, првата носителка на турнирот ја елиминира бранителката на титулата Саманта Стосур. Белорусинката, во меч кој траеше два часа и 23 минути забележа победа со 2:1 (6:1, 4:6, 7:6).

„Неверојатно е чувството што по прв пат се изборив за полуфинале на УС Опен. Им се радувам на претстојните мечеви. Не сакам тука да застанам, го посакувам трофејот“, изјави Азаренка по мечот.

Кај мажите, четвртиот носител Давид Ферер од Шпанија избори пласман во четвртфиналето. Ферер во осминафиналето по голема борба, во меч со многу пресврти, го победи 13-от носител Ришар Гаске од Франција. Мечот, кој два пати беше прекинуван поради дождот, по два часа и 54 минути игра забележа победа со 3:0 (7:5, 7:6, 6:4).

Три меча од осминафиналната програма во машка и еден меч од четвртфиналето во женска конкуренција ќе продолжат во четврток.

Новак Ѓоковиќ, бранителот на титулата води со 2:0 во првиот сет против Станислас Вавринка, неговиот сонародник, осмиот носител, Јанко Типсаревиќ во првиот сет има предност од 5:2 против Филип Колшрајбер.

Домашниот миленик Енди Родик и Хуна Мартин дел Потро го започнаа тај-брејкот во првиот сет, Американецот води со 1:0.

Кај дамите Марион Бартоли против третата носителка Марија Шарапова, во првиот сет води со 4:0.

Програмата на УС Опен за четврток 5. септември:

Стадион Артур Еш, од 17 часот по средноевропско време:

Марија Шарапова-Марион Бартоли (0:4)
Хуан Мартин дел Потро-Енди Родик (6:6)
Енди Мари-Марин Чилиќ
Серена Вилијамс-Ана Ивановиќ
Роџер Федерер-Томаш Бердих

Стадион Луис Амстронг од 17 часот:
Сара Ерани-Роберта Винчи
Новак Ѓоковиќ-Станислас Вавринка (2:0)
Б.Брајан/М.Брајан-Бенето/Мау

Гренстенд од 17 часот:
К.Херисон/Р.Херисон-Куреши/Ројер (2:6, 2:2)
Јанко Типсаревиќ-Филип Колшрајбер (5:2)

“макфакс“