Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР Македонија.

Според сателитските временски прогнози дождот најверојатно ќе го одмине отворањето на најголемата културна манифестација во земјвава, фестивалот „Охридско лето“. Шансите да заврне вечерва во Охрид кога ќе се одржува церемонијата на свеченото отворање на фестивалот се 6 проценти.


Дождот најверојатно ќе го одмине отворањето на „Охридско лето“

Фестивалот Охридско лето ќе биде отворен со настап на големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски на Античкиот театар со почеток во 21 часот.

OhridNews

OhridNews Ве води на фестивалот Охридско Лето