Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите на УХМР Македонија, попладне во источните делови од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и засилен ветер.

Врнежливо време ќе преовладува и во наредните три дена, а од вторник можна е појава на локално невреме проследено со силни електрични празнења.


Извор: УХМР Македонија

OhridNews