Доживотен затвор за шестемина, ослободителна пресуда за едно лице во случајот „Монструм“. По повеќе од година и половина судење, со враќање на процесот на почеток, падна пресудата за грозоморното убисто кај Смилковското Езеро.
Доживотна казна затвор добија и двајцата првоосомничени, кои во Косово издржуваат казна затвор од 2,5 години за недозволено поседување оружје. Судот единствено утврдил дека обвинетиот Сејди Рами, не е виновен и тој е ослободен од сите обвиненија.
Обвинетите на Велики Четврток пред две години убија пет лица кај Смилковското Езеро, меѓу кои четири млади момчиња и еден повозрасен човек.
Според обвинението, повеќекратното убиство имало за цел да внесе страв кај населението и да креира нестабилност во земјата.
OhridNews
извор МТВ