ДПА не и верува дека повиците за помирување, што вчера ги испрати владејачката ДУИ се искрени и смета дека не постојат услови за институционално делување на опозицијата во Собранието на Р.М.
-Проблемот е во тоа што ДУИ сака да интерпертира дека имаме лични проблеми, но ние имаме политички проблем со нив. Тоа што денес го иницираат е со цел да го поправат својот имиџ. Главните организатори на инцидентот се ДУИ и мислам дека многу посериозно треба да ја сфатат работата. – изјави лидерот на ДПА Тачи, на собирот на подмладокот на партијата што се одржа синоќа во Струга.
Младите на ДПА покренаа иницијатива за организирање Конгрес, на кој треба да се донесат одлуки за идно дејствување на партијата на политичката сцена, по завчерашниот инцидент за време на работата на собраниска комисија кој заврши со тепачка помеѓу пратеници од власта и опозицијата од политичкиот блок на Албанците во Македонија.
-Имавме собрание на сојузот на младите по одлуката да се организира конгрес. Такви состаноци ќе имаме во сите ограноци. Прво почнуваме со младите, а потоа ќе завршиме со структурата на партијата. Фасциниран сум од подготвеноста на луѓето да се активираат во нашата партија.-рече Тачи.
Тачи вели дека партијата е многу блиску до одлука за бојкот на Собранието, но останиува на ставот дека се потребни дополнителни консултации внатре во партијата и со меѓународната заедница.
Г.М.