Партијата ги обвини муфтијата Ферат Полиси и градоначалникот Рамиз Мерко дека ја злоупотребуваат нивната позиција и незаконски преземаат градежни дејствија врз џамијата.
– Верниците од исламска вероисповед во Струга заслужуваат една достоинствена џамија во која ќе му се молат на Севишниот Алах. Струга има многу места каде може да се изгради џамија и решението никако не требаше да се бара во уривањето на една пет вековна џамија, изјави претседателот на огранокот на ДПА во Струга, Лавдрим Елмази.
Тој истакна дека ДПА и нејзиното членство во Струга се дистанцираат од ваквите, како што рече, неодговорни дејствија за што бараат објаснување од муфтивството и локалната самоуправа.