
Ќе бидат доделени традиционалните награди „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.
Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на декември, а наградите ќе бидат врачени на 13-ти февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.
OhridNews
Извор: „Макфакс“











