– ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид апелира да се врати достоинството на градот, да се врати гостопримството кон домашните и странските туристи и да им се овозможи непречен престој во нашиот град, а не да се удри по нивните џебови, рече портпаролот на општинската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
Како што нагласуваат од оваа партија, зголемувањето на цената за паркинг простор, како и поставувањето на паркинг простор на места каде што никогаш претходно не постоеле и недозволувањето на граѓаните кои живеат во област каде што се поставува паркинг да имаат место за паркирање, преставува уште еден удар не само на граѓаните на Охрид, туку и на севкупниот туризам воопшто во градот.
– Ако го погледнеме однесувањето на градоначалникот Петрески, кој впрочем треба да се стави во функција на граѓаните, ќе согледаме само одбивен став кон потребите на граѓаните на Охрид, како и кон домашните и странските туристи. Иронијата да биде поголема, Петрески си дозволува сограѓаните кои бараат слободен паркинг простор пред местата каде што живеат да ги нарекува криминални структури, рече Митровиќ.












