Со убедлива победа на екипата Др. Баткоски над Киоск кај Бироно со 8:2 синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.
Во единствениот меч на програмата, одигран во рамките на групата Х, Др. Баткоски ја забележа својата втора победа на турнирот, прикажувајќи ефикасна игра и сигурна реализација.
Турнирот продолжува вечерва со три натпревари од групната фаза:
20:30 часот (Група Б): Хотел и СПА Инекс Олгица – Попоски Инженеринг
21:30 часот (Група Ф): Златара Бени Ерол – АД Галеб
22:30 часот (Група Д): Хотел Тино – Аце Најдески
Организаторите очекуваат уште една вечер исполнета со квалитетен фудбал и голема посетеност на игралиштето во Мешеишта, каде продолжува борбата за пласман во нокаут фазата на турнирот.
OhridNews










