Поранешниот суперлигаш Драчево е супер предизвик за охридските ракометари. Избраниците на тренерот Горан Андоновски се во победничка серија од три натпревари, а од клубот најавуваат дека на гостувањето во Драчево ќе атакуваат на четвртата во Првата машка ракометна лига.

– Ние сме во победнички налет, физички сме далеку поспремни од нив, повеќе ракометари ќе ни се вратат во составот и ќе го дадеме максимумот на ова тешко гостување – рече крилниот игра, Крсте Андоновски.

Во составот поради повреда ќе недостасува само Васко Николовски, но се враќаат “пивотменот“ Ристе Бабачев и Наум Митрески останатите ракометари се во полно погон, а тоа најдобро го осети екипата на Вардар Полог која во минатото коло во Охрид беше декласирана со 11 погодоци разлика.

Мх.П.