Градот Порто и стадионот „Драгао“ ја добија довербата од УЕФА и ќе бидат домаќини на финалниот натпревар во Лигата на Шампиони, каде силите ќе ги одмерат англиските екипи Челси – Манчестер Сити.

„Драгао“ беше втора опција, но испадна како конечна, после деталните анализи на УЕФА. Европската куќа на фудбалот улогата на организиратор му ја одзеде на турскиот град Истанбул, каде на сила се остри рестриктивни мерки за справување на пандемијата на коронавирусот. Прва опција беше култниот англиски стадион „Вембли“, но отпадна поради слични проблеми какви што имаше Истанбул.

„Сините“ и „граѓаните“ силите ќе ги одмерат во Порто, стадион кој наверојатно ќе биде исполнет со капацитет од 30%. Во Португалија има рестриктивни мерки, но далеку полабави во однос на Англија и Турција.

Исто така, УЕФА ги одреди судиите, кои ќе ја делат правдата во финалните натпревари во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа. Англиска пресметка во ЛШ ќе ја суди Шпанецот Антонио Михел Лахоз, а дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед – Виљареал ќе го суди Французинот Клемент Турпан.

OhridNews