Во издание на „Везилка 2011“ излезе од печат обемен избор од поезијата на Раде Драинац, еден од листата на проколнатите српски поети меѓу двете светски војни. Изборот го подготви и препевот го направи македонскиот поет Ристо Лазаров.

Во кусиот поговор на книгата се наведувал дека Раде Драинац проживеал четириесетина страдалнички години, вклучувајќи ја епопејата на преминувањето на Албанија, на шеснаесетгодишна возраст, во Првата светска војна. Бил некое време во Париз, но во песните го прошетал цел свет со око непогрешлив набљудувач и со душа на искрен вљубеник. Налик на нашиот Рацин, цел свет братски му е. Разбушавен, болен од сиромаштија и од неразбирање, тој во своите стихови пишува една своевидна географија на душата. И сега како понекогаш да го гледам заталкан со рацете во празните џепови, како гордо си ја носи во себе интернационалата на духот. Го знае, жестоко го почувствувал немилосрдното бреме на својот век и возвраќа со најсилното свое, неуништливо оружје -стихот: „јас пеам и го исмејувам целиот денешен век“.

Поезијата на Раде Драинац го дели доброто и злото на своето време, целиот е нурнат во движе­ њето чија што карактеристика е, меѓу другото (ќе запише Марко Ристиќ) дотерувањетона изгледот на поезијата со изгледот што на почетокот на дваесетиот век го добил надворешниот свет. Подвижници на тоа движење се Волт Витмен, Оскар Вајлд, Мајаковски, Аполинер… Убава поетска братија наспроти општата состојба на духот.

OhridNews