Авион од типот Ербас А340 на компанијата „Ерфранс“ на лет од Париз до Мумбај принудно слетал во Исхафан, град во централен Иран.

Авионот како што пренесуваат светските агенции, го прекинал летот од предострожност и слетал во Иран поради проблеми со вентилацијата.

Сите патници се добро, пренесува иранската новинска агенција ИРНА.

Претходно, денеска, специјализираниот сајт „Флајрадар 24“ соопшти дека од радарите исчезнал авион на компанијата Ерфранс и дека е изгубен контакт со него.

OhridNews