Со оперативно-техничката вежба „Бран 2012“, што започна денеска на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид, Министерството за внатрешни работи, ќе ја подобрува координацијата и меѓусебната комуникација на сите свои структури, при справувањето со кризи предизвикани од тероризам во цивилната авијација.
Вежбата која претставува симулација на грабнување авион на аеродромот во Охрид, ќе се одвива во три фази. За таа цел, ангажирани се над стотина припадници на различни единици на МВР и на други институции. На главната фаза која ќе се одвива во два дела, ќе учествуваат студенти од Факултетот за драмски уметности во улога на “грабнувачи на заложници“.
Дел од вежбата, утре, ќе биде отворен и за јавноста. Дипломатите, претставниците на научни институции од областа на безбедноста, како и претставници на мисијата на ОБСЕ, ќе бидат сведоци на оваа вежбовна активност. Во првиот дел од главната фаза, фокусот ќе биде насочен кон оранизациско постапување наспроти „инцидентот“, односно тимска соработка помеѓу силите за безбедност. На вториот дел, акцент ќе се стави на „водењето преговори со грабнувачите“. Во самото сценарио на вежбата, опфатени се сите можни аспекти, од ранети, заложници, до новинари кои медиумски го покриваат „настанот“.
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Лидл Македонија продолжува со кампањата за вработување „Добра игра Фер плеј“ и ги поканува заинтересираните кандидати од Струга и околните населени места, да се запознаат со можностите за работа во...
Ставен во функција новиот современ анестезиолошки апарат во Специјализираната болница за нефрологија – Струга наменет за потребите на Одделот за анестезија и реанимација при Уролошкото одделе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.