Манчестер Сити е новиот првак во Англија. Во извондредно драматичен меч, “граѓаните“ со головите на Един Џеко и Кун Агуеро во судиското надполнување го совлада КПР со 3-2, и по 44 години ја освоија титулата во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед рутински го совлада Сандерленд со 1-0 но тоа не беше доволно да ја одбрани титулата во Англија.

– Заслужно победивме и се радуваме на титулата. Ова беше луд меч, рече Роберто Манчини, кој му ја донесе третата титула во клупската историја на Манчестер Сити.

М.П.