Патник упаднал во кабината на авионот на компанијата „Иџипт ер“ и се обидел да презеде контрола над леталото, пред да биде совладан. Светските медиуми пренесуваат дека патникот извршил упад околу 25 минути по полетувањето на летот од оманската престолнина Мускат кон Египет. Авионот се вратил назад во Оман, каде што ќе биде спроведена истрага.

Пред две години се сруши авион на оваа авиокомпанија, на летот од Париз до Каиро, при што загинаа 66 лица.

OhridNews

Макфакс