Утревечер, со почеток во 20 часот, охриѓани ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Исти на различен начин“ која има за цел да посочи на сите облици на дискриминација и на можностите за заштита од неа. Претставата е по текст на Венко Андоновски, а во режија на Наташа Поплавска и е дел од проектот за поддршка на институцијата Народен правобранител од страна на шведската Меѓународна агенција за развој – СИДА.

Улогите во претставата која се прикажува низ градовите на Македонија, ги толкуваат : Сашко Коцев, Венко Андоновски, Наташа Поплавска, Нина Деан, Бесфорд Идризи, Зиба Радончиќ, Емран Куртишова.

Влезот за претставата е слободен.

OhridNews