Охридскиот ракометен состав, кој на гостувањето во Богданци отпатува без “левораките“ ракометари Николовски и Трифуноски го претрпе петтиот пораз сезонава, прв во пролетниот дел во Првата машка ракометна лига.
По одигрување на 16-та рунда следува пауза поради натпреварите во Купот на Македонија, а потоа на програмата е големото “езерско“ дерби меѓу Охрид и Струга.