Со тројката на Тодор Гечевски во последните секунди од мечот, МЗТ Скопје забележа минимална победа над Широки Брег 72-71.


Натпреварот од 15-та рунда  во Јадранскта лига започна одлично за македонскиот претставник. Нападот функционираше беспрекорно додека одбраната беше на посакуваното ниво. Таквата игра на “штрковите“ им донесе континуирано водство во првиот дел.

Се што остварија избраниците на тренерот Алеш Пипан во првите две четвртини прокоцкаа во третата. Нападот затаи постигнувајќи десет поени, а одбраната беше немоќна да ги прикрие слабостите и кошаркарите на Широки стигнаа до изедначување 59-59.

Решавачкиот период се играше по жица, во кое подобро се снаоѓаа кошаркарите на Широки Брег. На една минута до финишот на мечот работите во свои раце ги презодоа искусните Чековски и Гечевски.

Прво корпулетниот центар Чековски постигна тројка за изедначување 69-69. Плејмејкерот на домаќините Шупало поентираше за водство од 71-69, а на семафрот останаа само шест секунди за напад.

Дамјан Стојановски го почека да се ослободи Гечевски, кој прими топка и прецизно шутираше за три поени донесувајќи неизмерна радост за “плаво белата“ армија.

Со 21 поен најпрецизен во составот на македонскиот првак беше Чековски, 15 постигна Гечевски додека 14 успешно поентираше Д. Стојановски.

Мх.П.