Во првата четвртина која заврши нерешено (16-16), двете екипи одиграа доста резервирано,чувајќи ги силите за продолжението. Во втората четвртина охриѓани со препознатливата агресивна одбрана си озвоможија лесни поени и предност од +5 (41-36) на полувремето.
Паузата добро им дојде на гостинските кошаркари, кои со серија од 12-3 во 24-та минута стигнаа до предност од +4 (44-48). На тоа охриѓани одговорија со 9-3 и ја вратија позитивата 55-51.
Место да го докрајчат противникот охриѓани подзастанаа, а гостинските кошаркари до крајот на третиот квартал успеа да го изедначат резултат 57-57.
Последната четвртина помина во игра “кош за кош“ во која. Охриѓани имаа контрола над резултатот, а по двете слободни фрлања на Кузески, домаќинот се одлепи на +4 (72-68).
Но, искусните кошаркари на Гоце Делчев не дозволија да им се наруши концепцијата иако имаа негитава. Со тројките на Караколев и Јованов гостите се вратија во игра за победа.
Во финишот на мечот се разбуди братскиот тандем Ренато и Роберто Димитриевски кои ја понесоа одговорноста да ги завршуваат нападите во домашниот состав. Во последните 60 секунди резултатот беше изедначен 75-75. Роберто поведе контра напад кој го реализираше, а притоа беше фаулиран и со (2+1) донесе 78-75.
“Црвените“ преку расположениот Јованов на девет секунди до истекот на времето вратија со тројка за егал на семафорот 78-78.
Во конфузната состојба која настана на теренот Роберто го проигра Ренато, кој прво успеа да се ослободи од еден противнички кошаркар, а потоа да постигне победничка тројка за експлозија од радост во “Билјанини Извори“.