Фубалерот на Ливерпул, Луис Суарез доби драконска казна од 10 меча поради испадот на мечот со Челси. Казната за ваквиот испад е само три меча, но од ФА (Англиската фудбалска асоцијација) рекоа дека тоа е мала казна за прекшокот кој тој го направи.
ФА одлучи да го казни уште дополнителни седум меча(вкупно десет) што значи дека сезоната за уругваецот е практично завршена.
Суарез има право на жалба и тоа најкасно до петок. Иако првично “црвените“ од Енфилд ја отфрлија можноста за продажба на Суарез, по ваквата казна тоа може да биде се поизвесно.
Интерес за моментално најдобриот стрелец во Англиската премиер лига постои кај германскиот гигнат Баерн Минхен.