Суспензијата на Серхио Рамос од пет натпревари ја продлабочи играчката криза во екипата на Реал Мадрид. Дефанзивецот на “кралевите“ два жолти автоматски црвен картон заработи на дуелот со Селта во Копа дел Реј, но Рамос при излегувањето од теренот не бираше зборови за напад кон главниот арбитар.


По суспензијата на Рамос, “специјалниот“ остана без двајцата централни фудбалери откако Пепе се повреди, а Шпанецот без потребно бурно реагираше на судиската одлука. Ако на тоа се додадат и повредите на левиот бек Фабио Коентрао и Марсело главоболките се зголемија за Португалецот.

Мх.П.