Со овие договори и хотелите “Дрим“ и “Београд“ се приклучуваат на листата хотели кои на своите гости ќе можат да им понудат првокласна услуга од најголемиот оператор на безжичен интернет во Македонија – “ SunWireless“.
– Со оглед на тоа што од неодамна “ SunWireless“ е ексклузивен партнер во Македонија на светските Wi-fi мрежи “ Boingo“ и “ iPass“, отсега сите туристи – корисници на овие два глобални провајдера – кои ќе престојуваат во нашата држава, ќе имаат на располагање уште два нови хотела во кои можат без дополнителни трошоци и сетирања да добијат квалитетна, брза и безбедна Wi- Fi врска, потенцираат од SunWireless.