„Дрим тимот“ на Пари Сен Жермен ремизираше 1-1 со Монпелје на стартот од францускиот шампионат. Монпелје уште на стартот од мечот покажа дека нема никаков респект кон „светците“ и поведе со 1-0. Водството го чуваа до 60-та минута кога Максвел изедначи на 1-1.

Од тогаш избранаците на Лоран Блан нападнаа со сите расположливи средства, а во игра влезе и Кавани, но и тој не помогна за победа на почетокот на првенството за бранителот на трофејот.