Ноќеска во 01.15 часот на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед над 20-годишна охриѓанка возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, што таа го управувала, пронашле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Девојката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews
Фото: Архива