Секторот за внатрешни работи од Охрид и Општинската организација на Црвениот крст од утре до 10 октомври ќе го спроведат  едукативниот  проект ,,Дрога-вистина и заблуди”.

Проектот ќе се спроведува помеѓу учениците од петто до осмо одделение во Основните училишта во Охрид, а едукација е предвидена и за родителите.

Предавањата ќе бидат спроведени со ,,power point” презентација од страна на  лекар-активист на Црвениот крст, како и од  стручни лица во Министерството за внатрешни работи.

Целта на проектот е превентивно и низ интерактивен пристап со младите и нивните родители, да се оствари комуникација за штетното психо-физичко влијание на дрогите врз организмот, за медицинско-полицискиот третман на лицата-зависници, како и за методите на превенција. Учесниците во проектот ќе се запознаат и со националната стратегија за борба против дрога, но и со начините како да се иницира поширока акција на општеството за борба против дрогата и да се создаде подобра иднина за младата популација.

Ohridnews