Човекот кој и пресуди на Барселона, Диде Дрогба е повреден и ќе го пропушти реваншот на Камп Ноу. Стрелецот на единствениот гол, имаше неброени дуели со дефанизвците на Барселона, а по еден од нив го повредил коленото  и сигурно нема да биде во комбинација за мечот против Арсенал денеска.


– Не знаеме точно каде е проблемот. Се уште се прават испитувања, после викендот ситуацијата ќе биде појасна – вели италијанскиот стручњак Роберто Ди Матео, додека англиските медиуми тврдат дека тој е неизвесен за мечот во вторник.

Неговото место во стратната постава ќе го заземе Фернадно Торес, кој е негова прва резерва.

М.П.