Прославениот фудбалер на Челси, Дидиер Дрогба кој беше водител на гала церомонијата за прогласувањето на најдобар фудбалер според францускиот весник „Франс фудбал“ откри анегдота поврзана со Килијан Мбапе стара десет години.

Дрогба после мечот со Барселона во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони 2009 година одбил момче да се фотографира поради разочараност од елиминацијата. Подоцна, Дрогба разбрал дека момчето било Мбапе, кој во меѓувреме се разви во вистинска фудбалска супер ѕвезда и е идол на многу фудбалери ширум светот. Дрогба, кога се појави Мбапе на сцената ја исправи грешката и се сликаше со членот на ПСЖ.

Во изборот на „Франс Фудбал“ престижната награда „Златна топка“ му припадна на Лионел Меси. Аргентинецот рекордната шеста „Златна топка“ ја освои во конкуренција на Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.

OhridNews