Празникот Св. Наум Охридски, посветен на еден од најголемите светци во православието, кон кого во овој крај владее посебен култ, со години се празнува повеќе панаѓурски, отколку духовно. Голем дел од верниците кои доаѓаат на овој ден на празникот се омрсуваат со скара која чади од сите страни, иако празникот паѓа во Петровденските пости и дозволено е да се јаде само риба. Но мрсната храна која се подготвува на секој чекор не е единствен проблем. Во Св. Наум за празникот распослани се препродавачи од цела Македонија. На тезгите се нуди се и сешто, од облека и играчки до пиратски цедеа и народни лекови за секакви болести. Она што паѓа во очи сепак е ниската еколошка свест и расфрланото ѓубре на сите страни. За жал ваквата слика се повторува со години.
Другото „лице“ на празникот