Членки на Женски центар „Бисера” и Локалната агенција за развој од Струга за Божик го посетија Геријатриското одделение при Општа Болница Охрид и поминаа пријатни моменти со штитениците во оваа установа.
Активноста, како што информираат, била реализирана во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“.
Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и австрискиот Црвен крст.
OhridNews













