Уште едно интересно видео објавено од нуркачите од „Акватек“. Никола Паскали и Игор Булоски овојпат во водите на Охридското Езеро се „дружеа“ со јагулите.

Видеото е направено во водите на езерото над Стариот дел од градот, на температура на водата од околу 7 степени, а на него е покажана европската јагула Ангуилла ангуилла.

Нуркачите од „Акватек“ изминатата година реализира многу акции за чистење на езерото, а истите продолжија и оваа година.

OhridNews