Среда, 19-ти јуни, со почеток во 19 часот, во кафе бар „Шила“ во Охрид, сите љубители на пишаниот збор ќе имаат можност да се дружат со познатата македонска авторка, Ана Бунтеска. Ќе се читаат делови од книгите  „Шарените приказни“ и „Девојчиња и момчиња“.


Сите оние кои имаат нешто напишано, а не е објавено, можат да ги донесат своите творби во кафе бар „Шила“ каде ќе имаат можност да ги прочитаат пред присутните гости.

OhridNews