Во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина, а со цел поттикнување на здрави животни навики, Бреинобреин Македонија и сите центри кои ја имплементираат Бреинобреин програмата во Република Северна Македонија во сабота, 28-ми септември, организираат заедничка дружба со возење велосипед под мотото „Бреинобреин на велосипед – рекреација и здравје…“
Учениците кои ја следат Бреинобреин програмата во центарот БОБ-Црвен крст Охрид заедно со своите родители, во сабота, 28 септември, ќе се дружат возејќи велосипеди по велосипедската патека на потегот од „Езерската полиција“ до „Амброзија“. Стартот е предвиден во 12 ч. кај „Езерска полиција“.












