– Охрид во иднина ќе биде домаќин на повеќе вакви настани како што е “Грасрут“. Ние како Општина ќе направиме се Охрид повторно да го добие стариот спортски сјај – рече секретарот Димитар Спасески на Општина Охрид, кој го отвори турнирот.
На “Грасрут“ турнирот, кој поради временските неприлики се одржа во
спортската сала “Билјанини Извори“ продефелираа повеќе до 130 дечиња од
сите фудбалски школи кои партиципират во градот.
– Голема благодарност до Општината Охрид која заедно со Фудбалската федерација на Македонија го организира “Грасрут“ настанот. Охрид не е случајно избран за домаќин на ваков настан. Ова е еден вид награда за сработеното во Детската фудбалска лига во југозападниот регион, која зема се поголем замав – рече координаторот на лигата, Наум Јанкуловски.
– Ова е само почеток на нашата соработка со Охрид. Временските услови не не послужија па затоа се префрливме в сала. Но, и таму можеме да забележиме дека не изостанаа дружењето, забавата и головите – потенцираше “Грасрут“ менаџерот, Бојан Марковски.
– Поради временските неприлики брзо реагиравме и ја приспособивме спортската сала за “Грасрут“ манифестацијата. Вратите на Јавното претпријатие ќе бидат секогаш отворени за настани каков што се одржа овој пат – посочи в.д. директорот на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, Иван Цветскоски.