Дрва за огрев има во доволни количини за да се задоволат потребите на жителите на општина Охрид за претстојната грејна сезона, информираат од ЈП Македонски Шуми подружница Охрид. Во моментов , во стовариштето на подружницата има залихи од околу 6000 просторни метри дрва, од кои 3500 се бука и 1500 даб.

Цената на огревното дрво е иста како и минатогодишната, потенцираат од Македонски шуми. Огревно дрво даб од прва класа може да се набави по цена од 2453 денари за просторен метар, додека пак бука за 2370 денари. Дрвата за домаќинство, познати како сеченица, може да се набават по цена од 1858 денари.

Од подружницата на Македонски шуми потенцираат дека до крајот на годината се очекува залихите да бидат зголемени.

Годишната потреба на домаќинствата во општина Охрид  за огревно дрво се движи од 20 до 25000 просторни метри.

OhridNews