Силниот ветер од јужен правец кој на моменти достигнува голема брзина, сруши стар бор кај црквата Св. Софија во стариот дел на Охрид, кој падна врз куќа. За среќа нема повредени, а предизвикана е материјална штета. 


фото Емил Јовановиќ

Борот кој буквално е прекршен оштети и една дрвена бандера која исто така се наоѓа во дворот на црквата Св. Софија. 

Локалните жители кажуваат дека најпрвин се слушнало силно пукање, а потоа и тресок. Преполовеното дрво опасно е надвиснато над локалниот пат. Веднаш до него има уште два стари бора.

На местото на настанот пристигнаа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ кои го расчистуваат теренот.

OhridNews
фото Емил Јовановиќ