Во акција на Шумската полиција Охрид и Струга, на местото викано „Краста“ над с.Франгово, струшко, денеска, затекната е бесправна сеча на 90 букови стебла со вкупна колицина од 34м3 и 50 м3 букови дрва обработени за огрев кои се посечени пред една недела и расфрлани по самиот терен.

На лице место Шумската полиција затекнала две лица од Р.Албанија, кои вршеле оборување и обработка на дрвната маса со моторна пила, кои се дале во бегство. Дрвната маса е запленета и предадена на јавното претпријатие Национални шуми „Јабланица“ – Струга.

Во акцијата одземена е моторната пила, чекан, канта со гориво, два ранци и едно палто кои се предадени на Јавното обвинителство за понатамошна постапка.

OhridNews