Три лица се убиени вчера кај Долни Вакуф во централна БиХ, а убиецот е уапсен во вечерните часови, потврдено е од локалната полиција, пренесува „Макфакс“.

Истрагата утврдила дека од огнено оружје биле убиени двајца вработени во жупаниската управа за шумарство и еден возач на трактор, кој бил ангажиран да извлекува нелегално исечени стебла.

Телевизијата на Федерацијата БиХ извести дека полицајците околу 19 часот го уапсиле убиецот по повеќечасовни преговори за предавање.

Се претпоставува дека лицето ги застрелало шумарите во моментот кога се обиделе да му ги запленат стеблата што нелегално ги исекло.

OhridNews
ивор: „Макфакс“