Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против три лица од Лабуништа, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „пустошење на шума“ и „кражба на дрва“.

На 11-ти овој месец кај местото „Голем равен“ пријавените биле затекнати  во вршење нелегален транспорт на дрва со 11 коњи, на кои биле натоварени по 1,7 м3 нежигирано огревно буково дрво, една секира и една моторна пила. Заедно со нив, во нелегалниот транспорт со коњи, учествувале и две малолетни лица.

На местото на настанот, во присуство на шумски полицаец извршен е увид при што е утврдено дека во државна шума исечени се околу 300 стебла букови дрва.

OhridNews