Во рамки на акцијата Ден на дрвото во Охрид учествуваше и Државниот секретар во Министерството за локална смоуправа на Република Македонија, Сашо Стефановски, заедно со охридскиот пратеник во Собранието на Република Македонија, Харалампие Шокароски .


– Засадувајќи ја својата иднина денес го даваме својот скромен придонес кон градење на една поздрава и почиста природа која во иднина многукратно ќе ни се врати нам и на нашите поколенија. Ја поздравувам акцијата со искрени желби од година во година да биде што помасовна, изјави Стефаноски.

OhridNews