Граѓаните на Македонија вчера уште еднаш ја засадија својата иднина. Но, овој пат не така масовно како порано. Како што дознаваме повеќе од половината автобуси ангажирани за кацијата во охридско биле откажани поради слабиот интерес на граѓаните за акцијата која се одвиваше во атарот на село Долно Лакочереј. А, таму, во акција беа пратеникот Харалампие Шокароски и државниот секретар во министерството за локална самоуправа Сашо Стефановски. Кон акцијата се приклучија градоначалникот на Охрид, советниците и јавните претпријатија кои засадија дрвца на повеќе локации во градот.

Со вчерашната осма акција, според информациите на надлежните институции засадени се над 44 милиони садници, а успешноста се проценува на околу 65 проценти. Колку чини точно акцијата не се соопштува прецизно, како и тоа дали се покриени трошоците за истата. Надлежните уверуваат дека таа е успешна и дека без оглед колку чини, акцијата Денот на дрвото треба да продолжи и натаму.

OhridNews