Државата ќе добие 14 апартмани во струшкиот ЕУРОТЕЛ како побарување во стечајната постапка што се водеше против Кожарскиот комбинат „Гоце Делчев“ од Скопје, информираат дел од медиумите.


Вредноста на апартманите е проценета на 8,5 милиони денари, а останува да се заокружи постапката со впишување на сопственоста во Катастарот, по што Владата ќе одлучи што ќе прави со нив. Клучевите денеска свечено му беа предадени на Министерството за економија.

OhridNews