Министерот за економија Фатмир Бесими придружуван од познати лица од политичкиот, културниот, јавниот живот, дипломатски претставници и претставници од македонската естрада, еднаш во месецот ќе посетува по еден регион  кој нуди различни можности за развој на туризмот.

Ваквите посети се дел од новиот проект на министерството за економија за промовирање на туристичките потенцијали на Македонија, насловен “ Откриј ја Македонија”.

Реализацијата на проектот започна со посета на гевгелиско- дојранскиот регион, а во текот на 12- те месеци ќе следуваат и посетите на  охридскиот, шарскиот, преспанскиот, кумановско-кратовскиот, дебарско-струшкиот и тиквешкиот регион.

OhridNews