Државата и градот пред сериозен тест да се зачуваат универзалните вредности на Охрид
01.07.19 20:27
Делегација на Владата што ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во која уште се и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, ќе има тешка задача на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО што се одржува во Баку, Азербејџан. На неа ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот регион, кој поради негрижа и игнорирање на проблемите од сите досегашни власти во изминатите три децении, е под закана да го загуби статусот на заштитено светско наследство.
За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет.
Влада на РСМ
Но, дали декларираната посветеност е доволна Охридскиот регион да не се најде на Листата на локалитети под закана? Екологистите не се уверени во таквите заложби. Тие потсетуваат дека уште во 2017 година Реактивната мисија на УНЕСКО нотираше голем број забелешки, посебно потенцирајќи го проблемот со претераната урбанизација и дивоградбите во заштитените подрачја. Меѓутоа, наместо мораториум и ревизија на плановите како што бараше светската организација од тогаш беа изградени стотици нови објекти, од кои голем дел се дивоградби, потсетуваат екологистите.
Ние ги имаме податоците од трите општини. Само во Општина Охрид од моментот од кога препорачаа да има стопирање на легализација на дивоградби легализирани се над 300 бесправно изградени објекти, исто е и со Општина Струга, со Дебрца е малку поинаква состојбата, но тоа е заради тоа што самата општина е од поинаков карактер. После тоа е Планот за управување којшто требаше да се усвои, ниту се ревидира во контекст да се направи соодветна визија за подрачјено, ниту пак се рефлектира она што беше побарано од УНЕСКО во самиот план. – изјави неодамна за OhridNews Александра Бујароска од невладината „Фронт 21-42“.
Триесет години Охрид е жртва на несоодветно и несовесно владеење на сите нивоа, вели градоначалникот Георгиески. Тој ги повика сите чинители да се вклучат во битката за заштита на универзалните вредности на Охрид. Прв тест ќе биде справувањето со дивоградбите. Општината изработи Регистар на дивоградби во кој има 1,076 предмети за кои е констатирано прекршување на законот за градење. Од нив, фрапантни 409 се лоцирани во заштитниот појас. Но, по нив нема да се постапува веднаш, туку откако секој предмет ќе биде разгледан поединечно. Такваиот став според неформалното еколошко движење Охрид SOS само ја потврдува неодлучноста на институциите и покажува дека тие немаат искрена намера да се справат со насилната и нелегалната урбанизација која го доведе регионот на чекор до губење на статусот на светско заштитено наследство. Без конкретна акција, тоа и ќе се случи, сметаат екологистите.
На 14112025 во 15:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на две различни локации во водите на Охридското Eзеро кај охридското село Пештани пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи Из...
На 15112025 во 03:45 часот во сПодгорци, струшко, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга лишија од слобода 39-годишно лице од сОровник, охридско При...
Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп утре го играат првиот натпревар на домашен терен со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина, во салата „Билјанини Извори“ со почеток ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.