За да се спаси УНЕСКО статусот на Охрид, ќе бидат потребни длабоки резови согласни се и експертите и политичарите. Сепак, стручната јавност се сомнева дека постои вистинска волја и капацитет кај надлежните институции, да се промени односот кон Охрид како заштитено светско наследство, дотолку повеќе што што клучните институции кои дозволија деградација на универзалните вредности на Охридскиот регион сега ќе треба да го спасуваат.

Познавачите на состојбите не се изненадени од неповолните најави од УНЕСКО. Велат дека за проблемите кои сега кулминираа со негативен извештај од светската организација пишувано и зборувано е многу, но тоа како да не допира до одговорните.

Времето на зборови заврши, ако институциите не можат да се справат со урбаната мафија нека се самозатворат! – велат нашите соговорници.

Извештајот на Комисијата за Светско наследство за Охрид ќе биде разгледан на претстојниот состанок во Баку, на кој се очекува земјава да добие нови препораки од чија реализација ќе зависи дали Охридскиот регион ќе го задржи УНЕСКО статусот во иднина.

На темата УНЕСКО во видео репортажата на која деновиве работеше OhridNews говорат еминентни стручњаци, екологисти, новинари, политичари.

Г. Момироски