Комитетот за меѓунационални односи, со кој претседава пратеничката Ермира Мехмети-Деваја од ДУИ, ќе одржи итна седница на која ќе се разгледува актуелната ситуација во струшкиот регион, по протестите на муслиманските верници против навредливите маски на вевчанскиот карневал.

Се очекува партнерите во владата да преземат конкретни чекори за смирување на состојбите кои ескалираа со палење на државното знаме на два пати, каменување на локален автобус, демолирање на поликлиника во Лабуништа и сквернавење на православни храмови во селата Боровец и Октиси.

OhridNews