Изградба на згради по ИСО стандардни и со поволни цени најави директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, кој денеска пред новинарите ги презентираше резултатите од шестмесечната работа и ги претстави идните проекти.

-Во моментот во градба се околу 10 вакви згради, а уште четири до пет се веќе изградени и се дадени на продажба. Зградите се градат по сите ИСО стандарди и се со енергетска ефикасност. Цената по метар квадратен во Скопје се движи околу 800 евра, во Охрид околу 700, а во Битола околу 500 евра, истакна Грозданов.

Тој појасни дека објектите за комерцијална намена се градат на места каде може најбрзо да се повратат средствата вложени во инвестицијата за да може потоа добивката да се реинвестира во изградба на социјални станови.

OhridNews