Државата со кампања ќе се бори против неовластените водичи на туристички групи, кои даваат погрешни и невистинити информации за туристичките, културните и историските вредности на Република Македонија. Институциите упатија јавно предупредување до нелиценцираните туристички водичи и туристичките агенции и други субјекти кои ги ангажираат овие лица, дека против прекршителите на законот ќе бидат преземени најстроги санкции, и ги повикаа граѓаните, доколку имаат сознанија за непочитување на Законот за туристичка дејност, да се обратат до Државниот пазарен инспекторат.

Согласно законот дејност туристички водич може да обавувба само лице кое ги исполнува законските услови, односно поседува соодветна лиценца, која ја издава Здружениео на турситички водичи и придружници, како овластено правно лице од страна на Владата. Исто така секоја туристичка агенција – организатор на патување мора да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или во странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места.

Дали водичите и агенциите ги почитуваат законите ќе проверува Државниот пазарен инспекторат и овластените инспектори, кој ќе изрече глоба во износ од:
– 400 евра во денарска противвредност, на самото место за прекршок на физичкото лице, ако врши дејност туристички водич без положен соодветен испит.
– од 2000 до 4000 евра во денарска противвредност, ако правното лице – имател на лиценца ”А” при вршењето на својата дејност не го исполнува условот да има туристички придружник при секоја реализација на патувањето во земјата или во странство за најмалку десет лица, како и туристички водич за посета и разгледување на туристичките места. Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице, по истиот основ. Глоба во износ од 700 до 1000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на трговец – поединец, по истиот основ. По истиот основ ќе се донесе решение за привремена забрана во траење од 30 дена, предупредуваат од Државниот пазарен иснпекторат.

OhridNews