Во рамки на акцијата „ГОРА“ до овој момент во охридско, струшко, дебарско и кичевско запленети се околу 800 метри кубни огревно дрво, како и повеќе товарни и патнички возила, трактори и жива стока. Покрај физички лица, санкционирани се и неколку правни субјекти. Нелегално пресечените дрва се предадени на шумските стопанства, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Во атарот на селото Лабуништа, деновиве беше уапсена петчлена група која вршела нелегална сеча на огревно дрво. Дрвокрадците, меѓу кои имало и две малолетни лица, транспортот од планинските шуми го вршеле со коњи, а дрвата ги продавале на нелегалниот пазар на правни лица и граѓани по цени пониски од пазарните.
На удар на редовната и шумската полиција деновиве биле и дрвокрадци во охридско.
Од СВР Охрид најавуваат дека акцијата за сузбивање на дрвокрадството во регионот, ќе продолжи и во наредниот период.
OhridNews